УГД втор на најновата Шангајска ранг-листа на универзитети во Македонија

Универзитетиот „Гоце Делчев“ се најде на второто место од 19 рангирани високообразовни институции во Р Македонија на најновата ранг-листа на Шангајскиот универзитет.

Оваа ранг-листа се однесува на периодот 2015-2016 година, а Шангајскиот универзитет ја прави по барање на Министерството за образование на Р Македонија. Претходните две рангирања на високообразовните институции во Р Македонија беа објавени во 2012 и 2014 година. Шангајскиот универзитет рангирањето го прави врз основа на 21 индикатор од академските постигнувања и конкурентност, пред сѐ вреднувајќи ги основните мисии на високообразовните институции, како што се настава, истражување и социјални услуги.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на второто место заостанува за само три поени зад најстариот универзитет во Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а убедливо е најдобар универзитет во државата според социјалните услуги на студентите. Од Шангајскиот универзитет истакнуваат дека и со ова трето рангирање на високообразовните институции во Македонија, во континуитет се придонесува за транспарентноста, квалитетот и ефикасноста на високото образование во Македонија.

За Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип високото место на Шангајската ранг-листа доаѓа во момент кога одбележува десет години од своето постоење и секако е огромен поттик, посебно кога како најмлад универзитет во државата за само десет години се позиционира на второто место.

Преземено од:

http://www.shanghairanking.com/Macedonian_HEIs_Ranking/Macedonian-HEIs-Ranking-2015-2016.html

 

Последен пат изменето на Четврток, 30 Март 2017 15:47
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…