УГД донираше современа училница на СОУ „Добри Даскалов“

Универзитетот „Гоце Делчев“ ја проширува и зацврстува соработката со образовните институции во државата, со цел да придонесе за подобрување на наставниот и образовниот процес. За таа цел,  УГД помогна во опремувањето на една современа училница во СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Станува збор за една современа, стимулативна средина за учење. Универзитетот споделува дел од својата информатичка технологија со цел да има подобрување на воспитно-образовниот процес во таа средина, учениците да добиваат многу повеќе информации за тоа што се случува како современа информатичка технологија на Универзитетот. Исто така, на ваков начин ќе имаме многу почести средби на професори од факултетите на УГД заедно со средношколците од СОУ „Добри Даскалот“ во Кавадарци, со цел создавање на некои проектни активности каде што учениците уште во текот на своето средно образование веќе ќе се определуваат за својата идна професија и градење на многу почести врски со средното образование – изјави проф. д-р Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД.

Во СОУ „Добри Даскалот“ во Кавадарци е доделена современа интерактивна табла која е мултифункционална, може да се користи за настава, но и за обука на наставниците, за видеоконференциски врски со други училишта во земјава и надвор од неа, за држење на методски активности на студентите од наставничките и филолошките факултети, за учење на јазици, бидејќи со мало доопремување, со слушалки и микрофони, таа може да стане и симулациона училница. Постојат повеќе можности да ја користат и ученици од основните училишта. Според проф. д-р Кирил Барбареев, ова е само почеток на споделување на она што го има Универзитетот и допрва може да се очекуваат и нови, суштински активности помеѓу УГД и училиштето, имајќи ја предвид одличната соработка што досега ја има УГД со СОУ „Добри Даскалов“.

Добрата соработка ја потврдува и директорката на СОУ „Добри Даскалов“, Невенка Поп-Ангелова. Досега соработката се состоеше во организација на обука за наставниците за МУДЛ системот за електронско учење, вклучување во проект на Еразмус плус програмата, со проект за отворени едукативни ресурси, кој уште трае.

Како континуитет на таа соработка денеска ја промовираме и оваа современа средина за учење, во која донира УГД, и сметаме дека таа ќе придонесе за подобрување на условите во нашето училиште во насока на подобрување и осовременување на наставниот процес. Оваа училница ќе се користи и од наставниците, но и за обуки и дисеминации на наставниците, како и за одржување на часови во неа. Мора да бидеме во тренд со современите текови во образованието, за наставата да биде што поинтересна за учениците и тие да добијат што поголем фонд на знаења. Сето ова е во насока и функција на поквалитетен наставен процес, а нашата соработка ќе продолжи со суштински проекти, за применување на сите иновации во наставниот и образовниот процес – изјави Невенка Поп-Ангелова.

Последен пат изменето на Среда, 19 Април 2017 14:02
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…