Отворени денови на УГД во Струмица и во Кавадарци

Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со Отворените денови, на кои се претставуваат можностите што ги има УГД за студирање и здобивање со високо образование.

УГД како второрангиран универзитет во државата според најновото рангирање на Шангајскиот универзитет, преку директна комуникација со средношколците од завршните години, како и сите останати заинтересирани за студирање им ги презентира условите за студирање и за учествување во сите активности што ги нудат центрите на Универзитетот. На овој начин тие ќе можат да разговараат со наставничкиот кадар и со актуелните студенти на УГД, да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски, спортски активности, за учество во програмите за студентска размена и посета на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето на стипендии.

Отворен ден на УГД се организира во Струмица, на плоштадот „Гоце Делчев“, во среда (26 април 2017 г.) со почеток во 12 часот. Наредниот ден, четврток (27 април 2017 г.), Отворен ден на УГД се одржува во Кавадарци, на градскиот плоштад со почеток во 12 часот. Во наредниот период се планира да се одржи Отворен ден и во Кампусот на УГД во Прилеп.

Последен пат изменето на Четврток, 11 Мај 2017 09:58
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…