(Видео) 10 години Универзитет „Гоце Делчев“ – документарно сведоштво за УГД

Десетте години на УГД преточени документирани на филм. Ова е содржината на документарниот филм „10 години Универзитет ’Гоце Делчев’“, кој може да се погледне не Јутјуб каналот на УГД.

Сценариото и режијата се на  Александар Донски, а монтажата и режијата се на Александар Донски и Александар Максимов. Текстот го читаат Игор Стојанов и Дијана Насева. Во филмот (кој трае 32 минути) е направен концизен преглед на сите позначајни настани уште од основањето на УГД, па до денес. Низ повеќе стари фотографии и видеозаписи ретроспективно се претставени сите единици на УГД и сите инфраструктурни објекти. Според зборовите на авторот Донски, идејата е овој филм, работен врз строго документарен принцип, да биде еден вид „временска капсула“  во која засекогаш ќе бидат „замрзнати“ сите позначајни настани на УГД во изминатите десет години, но и  сегашниот момент во кој се наоѓа нашиот Универзитет. Оттаму, вредноста на овој филм, смета авторот, многу повеќе ќе доаѓа до израз како што ќе минува времето.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…