(Видео) Сами Ваишампјан од организацијата “Art of Living“ одржа предавање за менаџирање на стресот

Учителот од организацијата „Уметност на живеењето“ (“Art of Living“) од Индија Сами Ваишампјан денеска одржа предавање за техниките за менаџирање на стресот и практицирање на јогата во свечениот амфитеатар на УГД.

Овде сум за да го ширам знаењето за јогата и спиритуалноста. Тука сум за да им посочам на луѓето како да живеат живот без стрес. Тоа може да се постигне само ако имаме свесност за себеси, само така можеме да живееме живот без стрес. Ако сме свесни за она што ни се случува само така можеме да управуваме со нашиот живот. Јогата прави да чувствуваме хармонија во нашето тело - изјави Сами Ваишампјан.

Учителот од Индија истакна дека учењето што тие го шират овде има и научна основа. Тој вели дека има многу научни истражувања за техниките за дишење и колку тие помагаат за релаксирање кои се лесно достапни на интернет.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…