УГД ги промовираше студиските програми на Отворен ден во Скопје

Универзитетот „Гоце Делчев“ на Отворен ден во Скопје ги претстави студиските програми и можностите и условите за студирање на факултетите и академиите кои работат во негов состав. На штандови поставени на плоштадот „Македонија“, заинтересираните средношколци како и сите останати граѓани можеа да ги добијат сите потребни информации.

- Универзитетот во изминатите триесетина дена имаше неколку отворени денови, концептот е во сите градови каде што имаме наставни центри, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Штип, каде што студираат голем број студенти. Во Скопје во моментот имаме шест студиски програми, а во изминатите осум години пројавиле интерес и се запишале на УГД 4 720 средношколци од Скопје. Тоа е околу 25 % од вкупниот број на запишани студенти на УГД, што е доволен показател и Универзитетот чувствува одговорност да се претстави во Скопје и да сподели информации за активностите кои се случуваат на УГД. Во изминатите десет години се запишале околу 30 илјади студенти, во моментов активни се околу 12 илјади и има многу причини зошто треба да се избере некој од факултетите на УГДизјави проректорот за настава на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев.

На плоштадот „Македонија“ свој настап имаа студентите на Музичката академија при УГД.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Мај 2017 16:07
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…