УГД партнер во НАТО научноистражувачки проект

Истражувачки тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ е дел од конзорциумот партнерски институции коишто ќе соработуваат во реализацијата на научноистражувачкиот проект со наслов “A Field Detector for Genotoxicity from CBRN and Explosive Devices” финансиран од НАТО.

Проектот е под раководство на Институтот за молекуларна биологија при Бугарската академија на науките, а вклучени се и Медицинскиот факултет во Афионкарахисар (Турција), Универзитетот на градот Њујорк (САД), Атланскиот клуб во Бугарија и Медицинскиот универзитет на Пловдив (Бугарија).

На иницијалниот состанок којшто се одржа во Софија (Бугарија) учествуваа проф. д-р Татјана Рушковска, раководител на тимот од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и проф. д-р Виолета Иванова-Петропулос. Во реализацијата на проектот се вклучени и доц. д-р Биљана Балабанова и м-р Мишко Милев. Проектот нуди можности за продлабочување на соработката помеѓу партнерските институции, како и вклучување на млади истражувачи во научноистражувачката работа.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…