(Видео) УГД иницира соработка со универзитетите во Малме и во Нови Сад

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја продолжи праксата на проширување на соработката со високообразовни институции во регионот, Европа и во светот. Во посета на УГД беа професори од Универзитетот во Малме, Шведска, како и од Нови Сад. Тие остварија средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и потпишаа договори за меѓусебна соработка.

Денеска имавме посебна чест да се сретнеме со претставници на Универзитетот во Малме и УГД со нив ќе воспостави соработка во рамките на Факултетот за медицински науки и она што значи дел на сестринството и делот на извршување на медицинските пракси во Македонија и во Шведска. Мислам дека ќе биде добра можност за развој на нашите капацитети. Ќе оствариме соработка и во поглед на размена на студенти, професори и заеднички истражувачки проекти во иднина, мислам дека ќе биде добра пракса во иднина да се поврземе со земјите од Скандинавија во развојот на нашата образовна политика – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Гостите од Шведска го запознаа ректорот Боев со Универзитетот во Малме и изразија надеж дека соработката меѓу двата универзитета ќе биде успешна и плодна, пред сѐ во размената и образовните и истражувачките проекти.

Универзитетот „Гоце Делчев“ беше посетен и од претставници на Институтот „Biosenеs“ во Универзитетот во Нови Сад и Музејот во Штип, при што беше потпишан Договор за соработка на проектот “BIRTH: Births, mothers and babies. Prehistoric fertilityin the Balkans between 10000-5500 cal BC”.

Нашата соработка се однесува на проект кој е археолошки и се занимава со проучување на неолитскиот период, поточно зошто и кога во неолитот доаѓа до зголемување на населениото, како се менува животот, посебно животот на жените, дали се зголемува бројот на бремености и дали тоа влијае на растот на населението за кој знаеме дека се случил во неолитот – изјави Весна Димитријевиќ, професор на Одделението за археологија на Филозофскиот факултет во Белград и истражувач на Институтот „Biosenеs“ во Нови Сад.

За ректорот Боев оваа соработка со универзитетите во Белград и во Нови Сад ќе значи подигнување на студиската програма Археологија на Факултетот за образовни науки.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…