(Видео) Можни се заеднички програми со универзитети во Бугарија

Неколку факултети од УГД ја разгледуваат можноста за длабока соработка со факултети во Бугарија со кои би можеле покрај размена на наставници и студенти да се организираат и заеднички студиски програми. Професори од Универзитетот за агробизнис и рурален развој во Пловдив оваа недела се во посета на УГД и договараат на кои нивоа може да оди соработката меѓу овие две институции.

  • Најпрвин можеме да направиме размена на професори меѓу двата факултети. Ова се науки со сериозен научен развој и можеме за почеток да ги доближиме работите кои се неопходни за вашите и за нашите студенти - изјави проф. д-р Евгениј Стојанов од Универзитетот во Пловдив.

Професорите од Бугарија веќе неколку дена се во Штип и оствариле значајни средби со професори од Економскиот факултет и Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД, при што се договорени заемна посета и учество на заеднички конференции.

  • Веќе се видовме со некои професори и договоривме дека можеме да објавуваме научни трудови во ваши списанија и вие во наши списанија. Ние имаме меѓународни списанија кои се индексирани и колегите од Штип веќе знаат за нив и можат да учествуваат со свои научни трудови. Идните видувања се врзани со развојот на заеднички научни проекти. Оваа дејност се развива многу добро и ние преку ЕУ имаме можност да добиваме проекти во кои би можеле да ги вклучиме и колегите од Македонија - изјави доц. д-р Пламен Лаков од истиот универзитет во Пловдив.

Двајцата професори истакнаа дека во наредните неколку дена ќе имаат средби со повеќе професори во рамките на УГД, со кои би можеле да се договорат и потесни соработки. Велат дека последното ниво на соработка би било заеднички наставни програми на двата универзитети од кои бенефит најмногу би имале студентите кои ќе се стекнат со двојни дипломи.

Последен пат изменето на Среда, 14 Јуни 2017 15:26
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…