УГД дел од Интернационалната Еразмус плус недела на Политехнички универзитет во Мадрид

Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД и Центарот за обезбедување со квалитет кон крајот на јуни беа дел од четиринаесеттата по ред Интернационална недела на Политехничкиот универзитет во Мадрид, Шпанија. На Интернационалната недела присуствуваа претставници од 40 универзитети во Европа, како и престижни универзитети во Кина и во Индија. Беа разменети искуства и добри практики. Главен фокус на дискусија беше програмата Еразмус плус, како и подобрувањето на квалитетот во спроведувањето на Еразмус плус мобилностите.

Претставниците на УГД имаа можност пред присутните да го промовираат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како млад и надежен универзитет во Македонија кој доста добро работи на спроведувањето на Еразмус плус проектите и Еразмус плус мобилноста на нашите студенти.

На Интернационалната недела присуствуваа Еразмус плус координаторот Сања Стефанова и Дијана Насева од Центарот за обезбедување со квалитет, кои преку свои презентации ја истакнаа важноста на Еразмус плус програмата за вмрежувањето на УГД во мрежата на факултети низ Европа, важноста на мобилноста на студентите и вработените како дел од начинот за покренување на квалитетот во работата на оваа високообразовна институција.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…