24 и 25 август – втор уписен рок и запишување на примените од првиот уписен рок

Над 1.300 кандидати се пријавија во првиот уписен рок за запишување на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а најголем интерес беше покажан за Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и за Економскиот факултет.

Конечните резултати од првиот уписен рок и решенијата за прием на кандидатите ќе бидат објавени на 23 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 24 и 25 август. Во истиот термин, 24 и 25 август, ќе се реализира и вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“, во кој завршените средношколци ќе можат да изберат од слободните места на насоките и студиските програми на 13 факултети и две академии. Запишувањето на примените кандидати, како и приемот на документи за вториот уписен рок ќе се вршат на истите места како и во првиот уписен рок – фоајето на Домот на културата во Штип и во наставните центри на УГД во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Пробиштип и во Виница.
За запишување на примените кандидати ќе им бидат потребни следните документи и уплати:

1. Индекс.

2. Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).

3. Пријавни листови:

- Розов лист (за прв семестар)

- Семестрален лист (за прв семестар)

- Договор за студирање

- Две уплати по 50 денари за административна такса

Жиро-сметка на Буџет на РМ 100000000063095
Банка на примач: НБРМ
Уплатна сметка 840 174 03161
Приходна шифра 722313
Програма 00;

-    Потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150 денари за тековната година и склучен договор со компанијата за периодот за целокупното студирање.

4. Потврда за уплатени 6.125 денари – за партиципација (прва рата) – за редовни студенти во државна квота за сите факултети. За дисперзираните студии партиципацијата изнесува 3.065 денари;

- Потврда за уплатени 12.250 денари – за партиципација (прва рата) – за редовни студенти со кофинансирање за сите факултети. За дисперзираните студии партиципацијата изнесува 3.065 денари;

- Потврда за уплатени 12.250 денари – за партиципација (прва рата) – за вонредни студенти за сите факултети.

Жиро сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723012
Програма 44
Образец ПП50

5. Потврда за уплатени 400 денари – за материјални трошоци и за солидарна одговорност на ниво на Универзитет.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723019
Програма 44
Образец ПП50

6. Потврда за уплатени 300 денари за надомест за книжен фонд на Универзитетот.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 56
Приходна шифра: 723019
Програма 44
Образец ПП50

7. Потврда за уплатени 150 денари за Студентски парламент.
Жиро-сметка на ЗСПУ „Гоце Делчев“ - Штип: 200002248241063
Стопанска банка
Образец ПП10

8. Потврда за уплатени 760 денари за информатички и културни активности.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 60
Приходна шифра: 723119
Програма 44
Образец ПП50

9. Потврда за уплатени 1.000 денари за потрошен лабораториски материјал / теренска настава.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723014
Програма 44
Образец ПП50

10. Потврда за уплатени 500 денари за упис на прв семестар.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600160330
Единка 788, Корисник 18
Приходна шифра: 723019
Програма 44
Образец ПП50

11. Потврда за уплатени 390 денари за спортски активности.
Жиро-сметка на Универзитетски спортски центар – Штип
Банка на примачот: Стопанска банка
Сметка: 200001926783548
Образец ПП10

 

Последен пат изменето на Вторник, 22 Август 2017 14:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…