Наставните центри и дисперзиите на УГД подготвени за новите студенти и за третиот уписен рок

Наставните центри на Универзитетот „Гоце Делчев“ се подготвени за почетокот на новата академска година, како и за третиот уписен рок, кој ќе се реализира на 4 и 5 септември во Штип, како и во наставните центри во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Виница и во Пробиштип.

При посетата на наставните центри во Струмица и во Кавадарци, проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев се сретна и со новинарите од овие региони, при што одговараше на прашања за состојбата со дисперзираните студии за кои во јавноста се појавија дезинформации дека ќе бидат укинати.

Проректорот Барбареев истакна дека на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип функционираат сите студиски програми и факултети во наставните центри, исто како и во минатата академска година, и тие се вклучени во Конкурсот за упис на студенти во академската 2017/2018 година.

Слободни места на дисперзиите во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Виница и Пробиштип има и за третиот уписен рок, а УГД посветува големо внимание на овие центри, посебно со поместувањето на студиските програми за профили за кои има потреба во бизнис секторот во соодветните региони.

Третиот уписен рок на УГД ќе се реализира на 4 и 5 септември.

 

Последен пат изменето на Четврток, 31 Август 2017 10:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…