(Видео) Уписите во завршна фаза, УГД подготвен за старт на академската 2017/2018

Уписите на УГД влегуваат во завршна фаза и Универзитетот им се заблагодарува на сите студенти кои го избраа УГД. Станува збор за близу 1.800 студенти, имајќи предвид дека во следните денови, сѐ до 15 септември, ќе трае можноста за запишување на факултетите каде што има слободни места и уште е во тек запишувањето и на студентите од странство, ова нема да биде конечната бројка.

- Економскиот факултет ќе има близу 200 нови студенти, Електротехничкиот 25, Земјоделскиот факултет повеќе од 70, Ликовната академија 8 студенти, што е сосема доволно за една таква академија, Машинскиот факултет има повеќе од 35 студенти, Музичката академија 60, Правниот факултет 70, Технолошко-техничкиот факултет 40 , Факултетот за информатика повеќе од 110 студенти, Факултетот за медицински науки 500 студенти, исполнети се сите квоти, со исклучок на една студиска програма од стручните студии, Факултетот за образовни науки 80 студенти, Факултетот за природни и технички науки 80, Факултетот за туризам и бизнис логистика 350 студенти, Филолошкиот факултет 100 студенти. До 15 септември трае постапката за префрлување на студенти од други факултети и дотогаш ќе бидат затворени матичните книги на Универзитетот, за веќе на 18 септември да се одржи првиот академски час. Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе се одржи првиот академски час, каде што ќе се обрати ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, а она што е важно е дека и оваа година ќе има квалитетна музичка програма. Планирано е да настапат Музичката академија, деканот Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Никола Ристановски и студенти од Музичката академија – изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев.

Редовната настава на УГД започнува во третата недела од септември и во континуитет се реализираат подготовките за успешен старт на новата академска година. Паралелно се одвиваат многу други активности, од спортските, културните,  во моментот во тек се и научни конференции, а се проширува и соработката на УГД на национален и на меѓународен план, со потпишување на повеќе договори, а студенти и наставнички кадар се на одредени проекти кои работат во повеќе земји во светот, така што станува збор за една динамична, сериозна институција која во изминатите години покажа дека има огромен потенцијал за иднината.

 

Последен пат изменето на Четврток, 07 Септември 2017 14:18
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…