Воркшоп за волонтеризмот во спортот – дел од европски проект на УГД и пет европски универзитети

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е домаќин на една од работилниците на проектот „Teaching sport“, во кој покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како партнери се вклучени Одделот за спорт на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија (Р Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).

Тема на работилницата која во текот на два дена се одржува на УГД е „Промоција на позитивната работа со волонтери“, со акцент на волонтеризмот во спортот и спортските активности на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и на универзитетите во Софија, Виена, Унгарија, Естонија и Исланд.

Проектот „Te(a)ching Sport“ како дел од програмата Еразмус плус има за цел преку работилници, спортски настани, креирање на наставна програма за студенти кои активно не се занимаваат со спорт и нивно мотивирање за физичка активност преку користење на мобилни апликации и иновативни технологии да се подобри процесот на спортски активности кај студентите, како и да се зајакне моделот на волонтеризам во спортот.

 

Последен пат изменето на Четврток, 28 Септември 2017 11:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…