Надворешна евалуација - насока за трансформација и подобрување на УГД

Од 25 до 29 септември на УГД престојуваат надворешни евалуатори од Европската асоцијација на универзитети, кои треба да направат надворешна евалуација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во сите негови делови – во поглед на едукацијата на студентите, истражувачките активности, соработката со другите универзитети во Македонија, во Европа и во светот, соработката со стопанството, оштествената одговорност кон општеството во кое опстојуваме.

- Мислиме дека е добар момент Универзитетот да се погледне во светлото на она што значи Универзитет „Гоце Делчев“. Ова не е првпат, надворешна евалуација имавме и пред три години, ова е веќе продолжение на таа прва евалуација. Состојбата со која ќе заврши оваа евалуација и оценување на УГД од страна на надворешните евалуатори ќе биде преточена во документ кој ќе биде основа за сите натамошни активности што Универзитетот ќе треба да ги преземе во насока на негова трансформација, зајакнување како образовна установа, профилирање како европска установа, со европски вредности и европско образование. Мислам дека ова ќе биде добра можност да се видиме каде сме и што сме, да се видиме кои делови добро ги работиме, а кои лошо, па да ги поправиме деловите што лошо ги работиме, а тие кои се добри да ги продолжиме во уште подобра насока. Ние сме институција која е отворена за вакви работи и мислам дека е добра можност УГД да биде погледнат од сите страни на неговото работење. Претходната евалуација од пред три години имаше одредени насоки, се правеа одредени корекции кои се бараа од нас, но имаше и делови кои не зависеа од нас, она што значеше на пример дисперзираност на одредени единици, така што таа работа веројатно ќе биде составен дел од наредните извештаи – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Освен на УГД, евалуација ќе се прави и на УКИМ, а ја водат петмина експерти  од Англија, Франција, Турција, Словенија и од Србија. Се очекува резултатите од евалуацијата да бидат готови во наредниот период и да послужат како насока во натамошниот развој на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Последен пат изменето на Четврток, 28 Септември 2017 11:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…