УГД учествуваше во одбележувањето на 11 Октомври

Денот на народното востание на Република Македонија – 11 Октомври беше одбележан во целата држава, а централното одбележување се случуваше во Скопје, пред споменикот на ослободителите на Скопје.

Во знак на спомен на ослободителите и на значајниот датум од македонската историја, цвеќе на споменикот положи и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев.

Празникот и 76 години од почетокот на антифашистичката борба  се одбележа и во Прилеп, каде што цвеќе пред Могилата на непобедените и спомениците на паднатите борци положи проф. д-р Винета Сребренкоска, деканка на Технолошко-техничкиот факултет при УГД.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…