Ректорот Боев и проректорите во посета на Mинерално-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“

Ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, заедно со проректорите проф. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Дејан Мираковски, како и деканот на Факултетот за природни и технички науки проф. д-р Зоран Десподов, престојуваат во посета на Mинерално-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ во Софија, Бугарија.

Оваа посета е во рамките на соработката што ја имаат двата универзитета, кои неодамна потпишаа Меморандум за соработка. Делегацијата на УГД е дел и од прославата на патрониот празник на Универзитетот „Св. Иван Рилски“.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, се обрати на прославата на патрониот празник потенцирајќи дека добрата соработка треба само да биде надградувана во духот на пријателство и уште попродлабочени врски помеѓу студентите и со реализација на заеднички научноистражувачки проекти на факултетите и наставно-научниот кадар на двата универзитета. Ректорот Боев на оваа прослава говореше не само пред студентите и професорите од Универзитетот „Св. Иван Рилски“, туку и пред многу гости од други држави, ректори, директори на мултинационални компании, претставници на раководството на Студентскиот град во Софија, како и заменик-министрите за образование и за енергетика на Владата на Република Бугарија.

Во септември Универзитетот „Гоце Делчев“ и Минерално-геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ - Софија потпишаа Договор за соработка.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Октомври 2017 14:23
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…