Нови 64 проекти ќе се финансираат од Фондот за наука на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со поддршката на научноистражувачката дејност преку својот Фонд за научноистражувачка дејност. Од овој Фонд, од овој месец, се предвидени средства за финансирање на 64 нови проекти, најави на прес-конференција ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

- Оваа година се активни проектите, 64 нови научни проекти кои ги поддржува УГД и тоа е убава можност нашите вработени да можат да истражуваат, да одат на конференции, да објавуваат трудови, да одат на најразлични конференции каде што ќе можат да ги претстават своите остварувања, да се вмрежуваат во други универзитетски и истражувачки мрежи. Тоа е значајна количина на нови научни проекти и значаен придонес во развојот на науката на УГД. Од оваа година се активни и студентските проекти за наука. Имаме над 20 проекти кои се наменети за студентите, каде што тие заедно со професорите прават истражувачки тимови и работат на одредени истражувачки теми. Секој проект годишно се финансира со сума од 3.500 евра. Застапени се сите области кои ги покриваат факултетите на УГД. Тоа е значаен фонд кој Универзитетот го прави од своите ресурси, во своето менаџирање на средствата со кои располага  и кои ги обезбедува во соработка со бизнисот, со стопанството – изјави ректорот Боев.

  Во рамките на поддршката на науката, УГД ќе се обиде да даде еден нов импулс со иновативен и авангарден пристап во промовирањето на науката, кој ќе биде презентиран по повод Денот на науката - 22 ноември.

- На 22 ноември во Мултимедијалниот центар на УГД организираме еден настан „Наука за живот“, кој има за цел на еден промотивен, попристапен начин за јавноста да се презентира што значи науката. Мислиме дека овој настан ќе биде значаен исчекор во поглед на она што значи наука во Република Македонија. На тој настан ќе говорат еминентни говорници во делот на науката од една страна, а од друга и еминентни луѓе во делот на културата и она што значи спој на културата и науката, и она што значи живот во науката. Реков, науката сама по себе може да биде релативно досадна, но ако биде претставена на некој поафирмативен  начин може да биде значаен сегмент во привлекувањето на младите да се занимаваат со неа. Мислам дека никој не може да обезбеди подобро живеење за граѓаните доколку нема добро образование и добри истражувачки активности. Тие можат да го поткрепат тоа образование во делот на развојот на помодерни содржини во наставните планови и програми за да можат тие млади студенти кои доаѓаат да добијат соодветни знаења што се потребни во животот. Кое било образование што им го давате на студентите доколку нема во себе елементи со кои тие ќе се носат во животот, тоа е пропуштено образование.

   

   УГД досега финансираше околу 150 проекти од сопствени средства. Со тоа УГД има и една научна база, репозиториум, каде што се наоѓа сѐ што е сработено во делот на истражувањето и науката, а со тоа УГД може да се гордее со Фондот за наука. Во делот на истражувачките капацитети, УГД има солидни лаборатории и опрема, но секогаш има потреба од вложувања, бидејќи тоа е процес и мора да се следи трендот на напредокот во техниката и технологијата. Во таа насока, УГД досега добро ги одржува тие капацитети, но се потребни интервенции за да може во континуитет да се врши обновување на опремата, доопремување на одредени лаборатории, развој на нови истражувачки лаборатории и нови методи кои бараат нова опрема. Тоа е процес во континуитет кој го прави Универзитетот. Ректорот Боев најави и една новина во поглед на активностите на Лабораторијата за животна средина и електронска микроанализа, која и досега има мрежа за мониторинг на воздухот, односно присуството на цврсти честички во него во неколку градови во Македонија. Се планира да се постави мерна станица и во Штип.

Ние имаме намера да разговараме со новиот градоначалник на Штип и како УГД ќе понудиме една станица која ќе ја монтираме на локација што ќе ја одреди локалната самоуправа. Тоа ќе биде видлива локација и граѓаните ќе можат да ја видат таа мобилна станица и таа во континуитет ќе ги дава состојбите. Сите граѓани ќе можат да ги следат и на своите мобилни станици – најави проф. д-р Блажо Боев.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Ноември 2017 15:52
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…