Неформална средба меѓу ректорот Боев и градоначалникот Бочварски

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, остварија неформална средба во Ректоратот на УГД.

Боев и Бочварски притоа разговараа за соработката што треба да ја имаат УГД и Локалната самоуправа, со оглед на тоа што Универзитетот чини еден извонредно значаен дел од целокупниот живот во градот, како и пошироко во регионот. Претходно, ректорот и градоначалникот присуствуваа на приредбата на децата од штипските детски градинки за децата со посебни потреби која се одржа на платото пред Ректоратот на УГД во Ново Село. Овој настан се одржа во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип - 8 ноември.

Последен пат изменето на Петок, 10 Ноември 2017 13:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…