На Универзитетот може да ја чуете мислата – „наука за живот“

Сепак, на Универзитетот можете да ја чуете мислата – каде оди светот во областа на науката, кои се тие големи вредности кои науката ги даде на нашето време, каде оди овој свет, дали ние знаеме зошто живееме, каква е смислата на животот, кон што стремиме, каде сме се вдале  - тоа се само дел од прашањата кои на свој начин ги поставија петмина професори, кои со свои инспиративни презентации се обидоа науката да ја приближат до студентите и до јавноста.

За науката на поинаков, популарен начин, говореа на УГД професори од различни области – животна средина, образование, нобелови награди, во рамките на настанот „Наука за живот“. Со организирањето на овој настан, Универзитетот „Гоце Делчев“ направи успешен обид да ја приближи науката до студентите, средношколците, бизнис заедницата и пошироката јавност.

Првото издание на „Наука за живот“, кое го модерираше Бубо Каров, го отвори проф. д-р Блажо Боев, ректор на УГД, кој говореше за климатските промени и пренесе интересни факти кои говорат за тоа што на планетата Земја се случувало во минатиото и што можеме да очекуваме да се случува во иднина. Академик проф. д-р Владо Камбовски на еден интересен начин се осврна на правото, законите, со внесување на доза на поврзаност со актуелни случувања, а проф. д-р Рубин Гулабоски ги обработи нобеловите награди за наука, но од аспект на тоа кои се големи научници за огромни и значајни пронајдоци не добиле Нобелова награда, а кои пак добиле, а ни самите веројатно не знаат за што ја добиле. На темата животна средина презентираше проф. д-р Трајче Стафилов, а првото издание на „Наука за живот“ го затвори проф. д-р Кирил Барбареев, кој говореше на тема „Отворено образование“, со можните сценарија за образованието - оние црните и неповолни, со крах на образовниот систем, и оние понадежните, кои говорат токму за отворено образование. Непланирано, а инспириран од презентациите, на присутните и се обрати академик Ѓорги Старделов, кој го кажа токму она со што започнува овој текст – дека сепак на Универзитетот можете да ја чуете мислата – каде оди светот во областа на науката.

Голем интерес, преполна сала на Мултимедијалниот центар на УГД, нова сцена, одлични и инспирирани професори кои презентираа, успешно претставување на науката на начин поблизок за јавноста и, се разбира, предизвик за повторување и нови инспиративни и популарни говори за науката од професорите како на УГД така и од останатите образовни институции од државата.

Последен пат изменето на Вторник, 12 Декември 2017 08:25
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…