Зградата на ректоратот најдобро украсен јавен објект

Зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ годинава го доби признанието за најдобро декориран јавен објект за Нова Година. Традиционално ова го доделува Општина Штип, а денес признанието од страна на градоначалникот го прими ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

- Јас би сакал да го искажам задоволството и благодарноста на Општината и на градоначалникот Бочварски. Ние сме установа која придонесува за образование, култура но секако и естетика. И убавото ни е секогаш важно како такво да биде присутен во универзитетот. Се надевам со тоа што го правиме придонесуваме и за поубав град, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски ја истакна благодарноста на сите кои придонесуваат за градот да изгледа подобро за Нова Година.

- Најпрвин да се заблагодарам на нашите гости кои придонесоа да ни го разубавуваат градот. Ова традиционално доделување на признанијата го извршивме денес на ректоратот на УГД, на семејната куќа на Жанжанина Стојанова и на угостителскиот објект Лонгуров, изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Ректоратот на УГД по третпат го добива ова признание, а декорациите на објектот се збогатуваат секоја година и објектот од година во година изгледа се поубаво.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…