Информативен Еразмус + ден за студентите на УГД

Канцеларијата за меѓууниверзитетска соработка денеска го одржа информативниот ден за сите студенти, со цел да се запознаат со Еразмус плус програмата.  

  • Го организираме овој настан бидејќи ова е месец на Еразмус плус и студентите имаат можност повторно да аплицираат. Овде се поканети и студените кои веќе биле на Еразмус програмата за да го споделат своето искуство со студентите кои не биле. Се надевам дека и на овој повик интересот на студентите ќе биде голем, а ние како канцеларија ќе ги поддржиме во сѐ што им е потребно - изјави м-р Сања Стефанова од Канцеларијата за меѓууниверзитетска соработка.

Дел од професорите, исто така, беа дел од овој инфо-ден за Еразмус. Тие велат дека студентите не треба да стравуваат од одредени пречки при аплицирањето, затоа што можностите се големи, а воедно и поддршката од УГД.

  • По враќањето на студентите од Еразмус, овде на УГД им се признаваат сите активности и сите испити, вклучително и практичната настава. Целиот семестар им е признаен и сите кредити им се префрлени. Летната пракса им се признава поради Еразмус. Како координатори, тие постојано се консултираат со нас и апелираме дека нема потреба да се плашат, ниту од јазична бариера ниту од административни пречки - изјави проф. д-р Емилија Арсов од Земјоделски факултет.

Студентите кои веќе реализирале престој преку Еразмус беа присутни и го споделија своето искуство со колегите кои имаат намера да одат.

  • Јас имав огромна привилегија да присуствувам во Картагина во Шпанија. Имав преубаво искуство каде што сите беа расположени да ми помогнат, како професорите така и студентите. Имав големо искуство и стекнав многу пријатели. Им препорачувам на сите студенти да се обидат и да поминат еден семестар на страна - изјави Стефан Ѓорѓиев, студент на Машински факултет.

По формалниот дел студентите имаа неформална меѓусебна средба, каде што исто така можеа да разменуваат информации за Еразмус плус програмата.

 

Последен пат изменето на Вторник, 13 Март 2018 14:25
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…