Успешно завршен настанот „Не е шега: Дискриминација и цензура“

Со промоција на публикација на студентски трудови и плакати насловена „Не е шега: дискриминација и цензура“ во издание на Правниот факултет беше одбележанo завршувањето на настанот кој се одвиваше десет дена.

Публикацијата која беше промовирана е под менторство на доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска и на Ликовната академија, под менторство на вон. проф. Јана Јакимовска.

Публикацијата, всушност, претставува плод на две заеднички активности коишто ги спроведоа двата факултета во текот на 2016/2017 г., а кои беа започнати по иницијатива на Правниот факултет во рамките на проектот „Превенција од дискриминација, говор од омраза и криминал од омраза“ во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Публикацијата содржи трудови од студенти на Правниот факултет на тема антидискриминација, говор од омраза и криминал од омраза кои беа презентирани на Првата студентска конференција „Социјална стабилност, владеење на правото и еднаквост“ при Државниот универзитет во Тетово во 2016 г., како и содржи плакати од студенти од Ликовната академија кои беа презентирани на работилницата „Слобода на изразување“ и на Втората студентска конференција „Студентската мисла во правото, политиката и општеството“, одржани на Правниот факултет во Штип. Публикацијата ја има и во електронско издание и истата може да се симне на следниов линк (https://e-lib.ugd.edu.mk/715).

По завршувањето на промоцијата беше приреден концерт од страна на студентите на Музичката академија под менторство на проф. д-р Тони Китановски.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…