(Видео) Започна Фестивалот на танц во Штип

Танц фест од програмата „Шер“ вчера беше отворен во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Над сто млади уметници и танчери од цела Европа во три дена ќе настапат на сцената во Штип. Станува збор за уметници од девет универзитети во Европа.

- Во Македонија дојдоа 101 уметник од програмата „Шер“ од девет универзитети во Европа. Покрај Универзитетот „Гоце Делчев“, имаме од Австрија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка. Ќе имаме и работилници за современ танц и секој универзитет ќе одржува работилница со студентите, а плус во трите дена ќе имаме три вечери со по три претстави, фактички ќе се изведат девет претстави на сцената во Штип. Претставите се од современ танц во кој ќе танцуваат студентите - изјави Рисима Рисимкин, која е воедно и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

 На првата вечер вчера настапија три универзитети, меѓу кои и Универзитетот „Гоце Делчев“, а вечерва и утре ќе настапат и останатите универзитети од Европа.

- Ние доаѓаме од уметничката академија во Братислава. Минатата година првпат е организиран овој фестивал во Братислава. Целта беше да се сретнат млади луѓе, да учат заедно на работилниците, а воедно и да гледаат добри претстави - изјави Маја Хришик, професорка од Академијата во Братислава и член на тимот кој го организира фестивалот.

Публиката во Центарот за култура вчера беше воодушевена од целиот перформанс. Од Австрија настапуваа два универзитета кои донесоа поголема група на студенти.

- Денес настапуваме со програма од мастер студии. Изведуваме три различни парчиња и многу сме задоволни што денес сме овде. Имаме четворица студенти кои овие денови ќе бидат овде. И одлучивме да настапиме и со соло точки - изјави Луиза Браиз од Универзитетот Австрија Линц.

Еден од организаторите е и Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, кој е домаќин на сите претстави од фестивалот.

- Центарот за култура се јавува како организатор на програмата „Шер“. Чест ми е што имаме можност во Штип да се претстави еден ваков тип на култура во која сите ќе уживаат. Исто така, голема чест е што се совпадна со патронатот на Ацо Шопов и јас ова би го превел како поезија на телото во негова чест - изјави Никола Ристов, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Претставите се денес (20.4.2018 г.) и утре (21.4.2018 г.) во 20 часот, а влезот е бесплатен.



Последен пат изменето на Петок, 20 Април 2018 14:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…