Конкурс за платен целосен престој во Кина за студенти од Факултетот за медицински науки

Шеста година по ред, студентите од ФМН при УГД имаат шанса за краткотрајни бесплатни курсеви по традиционална кинеска медицина (ТЦМ) во Кина, благодарение на проф. д-р Зху Јихе, Управата на ФМН, ректорот на УГД - Штип,  Владата на НР Кина и Амбасадата на НР Кина во Македонија.

Оваа година студентите имаат шанса да одат во две групи.

Првиот курс се одвива од 18 април до 12 јуни 2018 г., а селектираните студенти веќе престојуваат во НР Кина.

Вториот курс ќе се одвива од 24 мај до 22 јуни 2018 г. и ќе можат да бидат селектирани 10 студенти од Македонија, најголем дел од ФМН при УГД - Штип.

Пријавувањето се врши на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 1 мај 2018 г., а интервјуто ќе се одвива во Центарот за традиционална кинеска медицина во текстилното училиште на 3 мај 2018 г. (четврток) во 10 часот. (10-те студенти кои веќе беа на интервју ќе бидат известени кои од нив се влезени во потесен круг на кандидати).

Повеќе детали на следниот линк

Последен пат изменето на Среда, 25 Април 2018 13:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…