(Видео) ЕЛЕМ доделува стипендии за студентите на УГД

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, заедно со деканката на Електротехничкиот факултет на УГД, проф. д-р Татјана Атанасовa-Пачемска, денес потпишаа Dоговор за меѓусебна соработка.

  • Ние како општествено одговорна компанија сме среќни што можеме да му помогнеме на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на младите луѓе, особено во делот на продуцирање на квалитетни кадри кои сметаме дека ќе бидат столб на енергетиката во Македонија. Помагаме на младите луѓе и сакаме да им посочиме дека нивната иднина е во Република Македонија и ние како компанија сметаме на нив - изјави директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.

Моментално ЕЛЕМ на студентите на УГД им доделува пет стипендии со тенденција таа бројка да се зголемува.

  • Благодарни сме на ЕЛЕМ што изразуваат интерес за соработка и што ги поддржуваат нашите идни и нашите сегашни студенти. Ова е вистински момент пред запишување на новите студенти за тие да знаат дека УГД и тие се поддржани од оваа голема компанија - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Деканката на Електротехнички факултет, проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска, истакна дека ова е многу значајно за студентите, особено за оние од овој факултет.

  • Ова ќе бидат мотивирачки стипендии за нашите студенти затоа што износот не е мал. Исто така, сакам да кажам дека оваа компанија многу нѐ поддржува во едукација на студентите затоа што изведуваме голем дел од теренската настава во нивните објекти и се надевам дека во иднина таа соработка ќе ја продлабочуваме - изјави проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска.

Огласот за стипендии ќе биде објавен на веб-страницата на УГД. Стипендиите ќе можат да ги добијат студенти кои се најмалку во трет семестар на своите студии.

Видео

Последен пат изменето на Петок, 29 Јуни 2018 07:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…