УГД ќе ја подобрува пристапноста на објектите за лицата со хендикеп

УГД ќе работи на подобрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп, од аспект на пристапноста на објектите на Универзитетот за лицата со хендикеп.

Во таа насока, на 28 јуни годинава во просториите на Правниот факултет ќе се спроведе обука на студенти, кои ќе ја мапираат пристапноста на објектите на УГД за лицата со хендикеп. Околу дваесет студенти со и без хендикеп, во наредниот период, ќе направат проценка за степенот и видот на пристапноста, преку фотографирање и описно бележење на клучните  делови пред и во објектите, а кои ја отежнуваат или олеснуваат пристапноста на лицата со телесен и сензорен хендикеп -сегашни или идни студенти.

Оваа активност е дел од проектот „Подобрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп во образовниот процес во Општина Штип“, поддржан од ПОЛИО ПЛУС Движење за хендикеп, финансиран од програмата Margina Obscura на Европската Унија, а спроведуван од Центарот за европска граѓанска иницијатива.

Последен пат изменето на Петок, 06 Јули 2018 12:48
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…