Летна школа за дентална медицина

Факултетот за Медицински науки - Дентална медицина при Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘ –Штип е организатор на првата летна школа за студентите по дентална медицина и стручни забни техничари – протетичари, под наслов DENTAL SUMMER SCHOOL 2018.

Овој настан ќе се одржи на брегот на Охридското езеро, во хотелот Десарет во периодот од 13-16 септември 2018 година. Поканети за учество во летната школа ќе бидат сите факултети по дентална медицина и стручни забни техничари од сите Универзитети во Република Македонија.

Внимателниот избор на работилници, како теоретски основи и практични вештини со кои студентите ќе навлезат во современата стоматологија го прави овој едукативен настан уште позначаен. Планирани се работни часови во кои, присутните студенти ќе имаат прилика да бидат запознаени со многу нови техники на работа во денталната медицина и протетиката, а воедно, ќе имаат прилика и да ги усовршат и применат веќе стекнатите знаења.

Исто така, дел од времето ќе биде посветено и на добрата забава и меѓусебно дружење, како и запознавање со природните убавини на преубавиот Охрид.

Работилниците на кои студентите ќе имаат прилика да присуствуваат се следните:

  • Basic Concept of DSD Digital SmileDesign
  • Basic Implantology-Theoretical and Practical Concept
  • Gutta-Percha Root Sealing Techniques
  • Needles, Suture Materials and Knots Used in Oral Surgery Procedures
  • Tooth Color and Shade Matching in Dentistry
Последен пат изменето на Вторник, 31 Јули 2018 13:11
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…