Македонска делегација на Правниот факултет при Воронешкиот државен универзитет

На 17 септември во читалната на Правниот факултет при Воронешкиот државен универзитет се одржа тркалезна маса на тема „Локалната самоуправа во контекст на правната, управувачката и политичката култура“, организирана од координаторот на Договорот за соработка меѓу Воронешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Македонија, проф. д-р Наталија Бутусова и претставници на македонскиот универзитет кои учествуваа во свечените манифестации по повод празнувањето на 100-годишнината на Воронешкиот државен универзитет.

Со поздравен говор на учесниците на тркалезната маса им се обрати деканот на Правниот факултет, проф. д-р Јуриј Старилов. Претставниците на Правниот факултет и на Катедрата за социологија и политологија при ВГУ – учесници и постдипломци на Правниот факултет и македонските колеги дискутираа за актуелните проблеми поврзани со потребата од повишувањето на политичката, правната и управувачката култура со цел поактивно привлекување на населението, односно граѓаните да учествуваат во реализацијата на локалното самоуправување.

Претставниците на македонскиот универзитет – доц. д-р Кристина Мишева, доц. д-р Марија Амповска и Костадин Голаков и координаторот на Договорот од страна на ВГУ проф. д-р Наталија Бутусова дискутираа за перспективите на понатамошната соработка со деканот на Правниот факултет при ВГУ проф. д-р Јуриј Старилов. На средбата со проректорот за наука и иновации проф. д-р Василиј Попов беа наведени конкретни насоки за проширување и интензивирање на соработката меѓу нашите универзитети.

Преземено од рес-служба  на ВГ http://www.vsu.ru/ru/news/feed/2018/09/10119

Последен пат изменето на Петок, 28 Септември 2018 08:09
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…