УГД стратешки партнер во Бизнис иновацискиот центар во Струмица

Универзитетот „Гоце Делчев“ се вклучи во иницијативата за формирање на регионален Бизнис иновациски центар во Струмица, како дел од своите определби за интензивна соработка со бизнис секторот.

УГД се јавува како стратешки партнер кој ќе има активно учество како во формирањето и развојот на Центарот, така и во учество во проекти кои ќе се реализираат во иднина. Универзитетот „Гоце Делчев“ се залага и придонесува за развојот на стопанството во Република Македонија, го поддржува Законот за иновациска дејност, и во таа насока ја поддржува идејата за формирање и развој на регионален Бизнис иновациски центар во Струмица. УГД во натамошниот период ќе се вклучи во научноистражувачки и апликативни проекти и соработка.

По повод промоцијата на Бизнис иновацискиот центар во Струмица ќе се одржат серија настани. Во петок (5.10.2018) во хотелот „Сириус“ во Струмица ќе биде промовиран Бизнис иновацискиот центар, а на настанот ќе се обрати и претставник на Универзитетот „Гоце Делчев“. Свои обраќања и презентации ќе имаат и претставници на Општина Струмица, Сојузот на стопански комори на Македонија, Владата на РМ, Фондот за иновации и технолошки развој на РМ, како и претставниците на Фондот на Европската академија за развој на регионите Луиџи Дел Акуила и Хуан Мануел Перез.

Претставниците на Европската академија за развој на регионите претходно ќе го посетат Наставниот центар на УГД во Струмица, а во Кампус 2 на УГД во Штип ќе имаат средби со деканите на Земјоделскиот факултет и Факултетот за природни и технички науки, проф.д-р Љупчо Михајлов и проф.д-р Зоран Десподов.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…