Од 18 до 21 октомври предавања на тема „Како да живееме среќно и задоволно?“

Здружението на граѓани „Поглед кон вистината“, Здравствениот клуб „Мое здравје“ и Христијанско-адвентистичката црква – Штип во периодот од 18 до 21 октомври организираат серија предавања на тема „Како да живееме среќно и задоволно?“.

Предавањата ќе се одржуваат во салата во Општина Штип со почеток во 19 часот, а влезот е бесплатен. Предавач е м-р Владо Хавран, кој магистрирал на Факултетот за политички науки, отсек Културологија на Белградскиот универзитет. Тој е и уредник на најстариот магазин за здрав живот на Балканот и основач на здруженијата „Живот и здравје“. Во поединечните прадавања, Хавран ќе се задржи на прашањата: Дали постои формула за среќен и исполнет живот? Што е вистинска среќа, а што не е? Дали хедонизмот е вистинскиот пат? Поврзаноста на професионалното реализирање, напредокот и богатството со среќата...

 

Последен пат изменето на Среда, 17 Октомври 2018 15:16
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…