Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци го посетија УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип постојано ја покажува и докажува својата отвореност за сите сфери од животот во државата, а секако најмногу и логично за сите степени од образовниот сектор.

Во таа насока, и најмладите имаат отворени врати за посета на УГД. Таа можност ја искористија ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци кои го посетија Ректоратот на УГД, ја рагледаа спомен-собата на револуционерот Гоце Делчев, а имаа и интересна средба со проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев и студентите од Факултетот за образовни науки.

За приемот учениците и наставниците изразија благодарност:

Учениците од III б и III в при ООУ 'Гоце Делчев' - Кавадарци на 25.10.2018 г. беа во посета на Универзитетот 'Гоце Делчев' - Штип.

Детските насмевки говореа за топлото добредојде од страна на ректорот проф. д-р Блажо Боев  и  проф. д-р  Кирил Барбареев.

Професорот Барбареев на негов својствен начин и речник приспособен на детската возраст ги поведе учениците на патување низ волшебното царство во длабочините на земјата.

Голема Благодарност од учениците и нивните наставници до Ректоратот при УГД – Штип за ширум отворените порти на идните универзитетски граѓани“.

Последен пат изменето на Понеделник, 29 Октомври 2018 10:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…