Одбојкарите на УГД освоија прво место на меѓународен турнир за млади

Изминатиот викенд во Скопје се одржа Меѓународен турнир за млади во одбојка на кој екипата на „УГД студент“ го освои првото место.

Турнирот беше во организација на Општина Гази Баба, а на него учествуваа екипи од Македонија, Србија и од Бугарија.

Екипата на УГД во полуфиналето ја победи екипата на ОК „Врање“ од Србија со резултат 3:1, а во финалниот меч издвои победа над домаќинот на турнирот екипата на „Јанта волеј“ од Скопје со 2:1.

За најдобар одбојкар беше прогласен Стефан Санев, а блокер Сефан Алексов, двајцата играчи на „УГД студент“ од Штип.

Последен пат изменето на Вторник, 06 Ноември 2018 13:43
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…