(Видео) Промовирани докторите на науки од Штип

Покрај доделувањето на признанието „8 ноември“, денес во рамките на одбележувањето на празникот на градот беа промовирани и докторите на науки, од кои најголем дел се дел од наставниот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Годинава беа промовирани пет доктори на науки од Штип: Александра Роглева (Ангеловска) е доктор по правни науки и веќе е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Валерија Камчевска, доктор по технички науки, Елена Максимова (Иванова), доктор по правни науки и дел од УГД, Сања Ристевски, доктор по технологија на текстил и исто така дел од УГД и Маријан Џидров, доктор по технички науки.

Сите доктори на науки беа промовирани од своите ментори и беше истакнато дека голем дел од овие трудови се веќе применети во реалниот сектор, а сите се исклучително квалитетни. Менторите истакнаа дека Штип треба да биде особено горд со секоја генерација на доктори на науки кои даваат особен придонес за развојот на градот и државата.

Детално за содржината на докторските дисертации погледнете во видеото во продолжение.

 

Последен пат изменето на Четврток, 08 Ноември 2018 15:33
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…