Викендов голем број спортски настани во салата „Јордан Мијалков“

Женските екипи во одбојка и машката во кошарка викендот ќе одиграат натпревари од редовните кола во своите лиги, во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Женската одбојкарска екипа на „УГД студент“ игра против екипата на ОК „Македонија макс“ од Струмица. Натпреварот се игра во сабота во 18:00 часот.

Во рамките на Младинската кошаркарска лига на Македонија, кошаркарскиот тим на „УГД студент“ ќе игра на домашен терен против екипата на КК „Кожув“ од Гевгелија во сабота со почеток од 14:30 часот. Натпреварот е во рамките на редовното петто коло. 

Додека, пак, во склоп на Младинската одбојкарска лига на Македонија – жени во недела ќе се одиграат четири натпревари во спортската сала „Јордан Мијалков“. Екипата на „УГД студент“ ќе одигра два натпревари - едниот против „Вардар“ од Скопје во 11:00 часот, а вториот против „Наковски волеј“ од Струмица во 14:00 часот. Другите два натпревари ќе ги одиграат екипата на „Виола волеј“ од Велес, против „Наковски волеј“ со почеток од 12:00 часот и екипата на „Вардар“ против екипата на „Виола волеј“ од 13:00 часот. Овие четири натпревари ќе се одиграат во 2 добиени сета.

Одбојкарскиот тим на „УГД студент“, пак, викендот гостува кај екипата на ОК „Весла“ во Пробиштип. Натпреварот се игра во рамките на второто коло од Првата одбојкарска лига на Македонија и ќе започне во 16:30 часот.

Последен пат изменето на Петок, 09 Ноември 2018 12:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…