Доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска во Неапол предаваше за „Македонија и ЕУ“

По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската Унија“, со акцент на Договорот од Преспа помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Во рамките на предавањето беше опишана меѓународната позиција на Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси, а особено внимание беше посветено на анализа на правните недостатоци на договорот од аспект на меѓународно јавно право и од аспект на внатрешно право.

Студентите од Неапол покажаа голем интерес за темата, поставувајќи прашања и истовремено оценувајќи го спорот меѓу двете земји како апсурден.

На следниов линк може да го најдете предавањето во аудио-видео формат: https://www.youtube.com/watch?v=mPpRebz0Ol8 . 

Исто така, да потсетиме дека Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има потпишано договор за Еразмус мобилност на студенти со Универзитетот во Неапол „Ориентале“.

Последен пат изменето на Среда, 05 Декември 2018 08:51
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…