УГД и „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и компанијата „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат можности за соработка и стипендирање на студенти од насоката Фармација на Факултетот за медицински науки, но и од други насоки и факултети. Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД, академик проф. д-р Блажо Боев, и Катерина Котларевска-Маневска од „Зегин“, а за бенефитот и очекувањата од него говореа Маја Бибановска, одговорна за Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, и ректорот Боев.

- „Зегин“ сака да развие соработка со Универзитетот во Штип. Сакаме да стипендираме студенти кои се на Фармација, Медицина, Енологија, Лозарство... Сакаме да ги поддржиме талентираните студенти, а тие што се заинтересирани да имаат можност да се обидат да продолжат и да работат и во нашата компанија – изјави Бибановска.

- Знаете, нашата политика во континуитет е дека ние сме отворен Универзитет за соработка со стопанството, со општествениот сектор, со сето она што значи реален живот, и оваа соработка со „Зегин“ оди во таа насока, да обезбедиме еден прозорец на младите од Универзитетот кон една сериозна компанија која работи во повеќе области – во фармацијата, медицината, енологијата, лозарството. Тоа е добра можност тие да соработуваат со нашите студенти, да ги стипендираат најдобрите и најквалитетните студенти, бидејќи утре ќе работат во тие компании и е добра можност за младите да си ја најдат својата егзистенција во Р Македонија – изјави академик Блажо Боев.

Последен пат изменето на Среда, 26 Декември 2018 14:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…