УГД во втората фаза од развој на ЦТТ

Во стратегијата за развој на УГД во периодот што претстои се става акцент на подигнување на квалитетот на образовниот процес, што треба да придонесе кон значително подобрување на можностите на завршените студенти да се реализираат на пазарот на трудот. Со други зборови, се зазема нов правец во поставеноста на институцијата која повеќе нема да биде место на обичен пренос на знаење, туку ќе им дава можност на дипломците и научноистражувачките тимови да имаат блиска соработка со стопанството.

Ова, пак, ќе придонесе кон осовременување на производните процеси во македонските претпријатија преку сѐ попопуларниот модел на пренос на знаење и технологии како клучна спрега за развојот на стопанството благодарение на научната поддршка од истражувачите.

Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе извесно време е фокусиран на структурирање на Центар за трансфер на технологии и знаење преку истражување на веќе постоечки центри од тој тип и имплементирање на модел на најдобра пракса во УГД.

Универзитетот е веќе во втората фаза од развој на ЦТТ кога при поставувањето на структурата се фокусира на еден од основните елементи, а тоа е формирање на истражувачки тимови кои се претставувани од професорите заинтересирани да работат на проекти за потребите на македонските претпријатија преку соработка со ЦТТ. Овие научноистражувачки тимови преку создавање на нови технологии или подобрување на веќе постоечки методи и примена на иновативност при работа ќе имаат директно влијание на подобрувањето на работата на стопанството, а со тоа и влијание врз развојот на регионот и пошироко.

На денешната информативна средба одржана на Кампус 2 професорите на УГД развија конструктивна дискусија за можностите што ги нуди овој центар, за постоечките идеи кои можат да се развијат, за можноста за создавање на тимови од истражувачи и студенти кои преку ЦТТ би аплицирале за фондови во насока за изнаоѓање на иновативни технолошки решенија кои ќе ги мотивираат претпријатијата да го унапредат своето производство и уште поблиску да соработуваат со научната фела.

Последен пат изменето на Среда, 26 Декември 2018 15:10
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…