(Видео) Дебата за борбата против лажните вести и корупцијата

Во просториите на УГД ТВ, а во соработка со истражувачката мрежа Скуп Македонија, неодамна се одржа дебата на тема „Нови и етаблирани медиуми за борба против лажните вести и корупцијата“ .

На дебатата како говорници беа Розета Трајан, експерт за судир на интереси и борба против корупцијата, Јасна Бачовска, професор на Правниот факултет во Скопје, Иван Бојаџиски, новинар, Весна Коловска, главен и одговорен уредник на Канал 77, Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на УГД ФМ и Тони Михаилов, координатор на ЗНМ Исток. 

На дебатата стана збор за лажните вести и колку тие влијаат во едно демократско општество и како можеме да ги препознаеме и да се справиме со нив. Панелистите констатираа дека лажните вести се глобален феномен кој не ја одминува Македонија и затоа мора да се работи на голема медиумска едукација на јавноста. Медиумската писменост како форма се воведува во некои држави уште во основно образование и затоа е важно да се работи на воведување и кај нас. Најмногу несогласувања меѓу говорниците имаше во делот за контрола на интернет просторот и новите медиуми. Некои сметаа дека е потребна контрола, додека пак други сметаа дека такво нешто ќе доведе до загрозување на слободата на говор. Целата дебата проследете ја на видеото во продолжение.

Последен пат изменето на Петок, 28 Декември 2018 10:35
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…