Одбојкарските клубови на УГД викендов го започнуваат првенството

Во сабота (16.2.2019) и во недела (17.2.2019) екипите на „УГД студент“ го започнуваат пролетниот дел од Првата одбојкарска лига на Македонија.

Во сабота во 16 часот играат машките екипи на „УГД студент“ и „Борец“ од Велес. Од 18 часот продолжуваат женските екипи на „УГД студент“ и „Македонија макс“ од Струмица.

Во недела се младинските лиги. Од 10.30 часот ќе се сретнат машките екипи на „УГД студент“ против „Џио Струмица“, од 12 часот „УГД студент“ против „Синалко“ од Крушево. Во 16.30 часот ќе ги одмерат силите младинските женски екипи на „УГД студент“ и „Работнички“ од Скопје.

Сите натпревари се играат во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…