(Видео) Проекција на филм и дебата за лажните вести на правниот факултет

Истражувачкиот филмски фестивал Скопје - ИФФС [www.iffs.mk] во соработка со УГД организираа проекција на краткиот документарец „Бајка за лажните вести“ и дискусија посветена на борбата со дезинформации и лажни вести.

ИФФС во Скопје се организира секоја година од страна на Платформа за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), а оваа година за првпат и надвор од Скопје.

- Најпрво доаѓаме во Штип да презентираме дел од прогрмата на фестивалот. Годинава темата се лажните вести и нивно презентирање. Се надевам дека ќе има интерес и дека ќе соработуваме во иднина со цел да можеме да прикажеме и други филмови овде во Штип, изјави Кристина Озимец, претседател на организацијата ПИНА.

Во рамките на проекцијата се организираше и дебата меѓу новинари токму на темата на лажните вести. Како панелисти на дебатата беа новинарите Игор Стојанов и Тони Михаилов од Универзитетското радио УГД ФМ и Викторија Јованова , новинар и дописник на Телма и МИА од Штип.

- Денес го организираме овој настан со цел да ги запознаеме студентите за проблемот на лажните вести. Според мене овој термин најпрвин имаше бенефит за новинарите и новинарството на светско ниво, затоа што сите сфатија колку е важно доброто новинарство и почнаа да инвестираат во добро новинарство. Веќе терминот има негативност за новинарите и новинарството, затоа што политичарите го „киднапираа“ терминот и сега го користат против новинарите и новинарството. Сега во јавноста се има чувство дека новинарите се тие кои прават лажни вести, а тоа воопшто не е точно. Лажните вести се продуцирани од луѓе кои не се новинари и од самите политичари, изјави Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на УГД ФМ.

На дебатата се зборуваше и за значењето на доброто новинарство за тоа колку е потребно инвестирање во медиумска едукација на општата популација и слично. Панелиститие Михаилов и Јовановска посочија дека новинарството, особено во Источна Македонија, работи со скромни средства и нема заинтересираност од младите луѓе за работа во новинарството. Целата дебата се пренесуваше и во живо на интернет.

Видео

 

Последен пат изменето на Вторник, 18 Јуни 2019 15:47
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…