ПОВИК за доставување на трудови за Годишен зборник на Правен факултет бр. 9

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за деветтиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодишниот број на зборник.

Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.

Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој Повик.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2019 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За повеќе информации обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Правила за изработка на трудови .pdf

Со почит,

Правен факултет,

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

 

 

Последен пат изменето на Среда, 26 Јуни 2019 14:49
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…