Конкурс за Еразмус + мобилности за 2019/2020

Објавен е Конкурсот за Еразмус плус мобилности за академската 2019/2020 година. Конкурсот е отворен за студенти на прв циклус студии (со запишан најмалку трет семестар), како и за студенти на втор и на трет циклус студии. Право на аплицирање имаат редовните студенти на УГД, а се доделуваат 40 мобилности и 10 студентски обуки (пракса).

Кај наставничкиот кадар се доделува мобилност во високообразовните институции во ЕУ (1 недела до 5 работни дена). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус плус договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите.

Конкурсот е отворен за 6 мобилности на наставнички кадар и 6 мобилности за административен кадар.

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати.

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

         М-р Сања Стефанова

         Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

         Одделение за меѓународна соработка

         (Кампус 2)

         Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

         2000 Штип, РС Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Во Конкурсот се наведени и начинот на аплицирањем како и потребните документи, а аплицирањето може да се изврши од 16 септември до 10 октомври 2019 година.

Повеќе детали во Конкурсот кој можете да го најдете на следниов линк: КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за студентска мобилност за студии и обука

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Септември 2019 08:25
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…