Започна вториот уписен рок на УГД

Денеска и утре (16 и 17 септември 2019 г.) се реализира вториот уписен рок за запишување на студенти во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

По првиот уписен рок, останаа вкупно 3393 слободни места, од кои 1886 за редовни студенти во државна квота, 876 за редовни студенти во квотата со кофинансирање и 631 за вонредни студенти. Нема слободни места на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, додека на останатите факултети и студиски програми има слободни места.        

Документите и во вториот уписен рок се примаат на истите уписни места – за сите студиски програми во Штип, во фоајето на Домот на културата „Ацо Шопов“, како и во наставните центри на УГД во Скопје, Струмица, Гевгелија, Прилеп и во Кавадарци за студиските програми кои се реализираат во тие наставни центри.       

Конечните резултати од вториот уписен рок ќе бидат објавени на 23 септември, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 24 септември. На студиските програми на кои ќе останат слободни места, третиот уписен рок ќе се реализира на 25 септември.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…