Студентите на ФМН организираа конференција за хирургија

Студентски организирана медицинска асоцијација – СОМА, асоцијација на студентите од Факултетот за медицински науки при УГД, во соработка со лекари од САД кои престојуваат на УГД, организираше Медицинска конференција на тема „Special Ops - Pre/Intra/Post Operative management of complicated surgical patient".

Темата на која дискутираат специјалисти на панел-дискусијата е предоперативна и постоперативна подготовка на пациенти. Дискусијата ја водат анестезиолог, хирург, ендокринолог и трансфузиолог. Конференцијата е акредитирана од Лекарската комора со 4 поени – изјави Диана Илоска, претседател на СОМА.

Студентот Филип Николов вели дека ова е соработка помеѓу студентите, професорите на УГД и лекарите од САД:

Учесници на панелот се д-р Илија Милев, д-р Валентина Велковска-Накова, д-р Радмила Зенделска, д-р  Мери Шорова, д-р Дон Сојер - специјалист хирург, а модератор е д-р Тимоти Гало. За студентите оваа конференција е ново искуство, ќе можат да стекнат нови знаења и познавања од стручњаци во областа на хирургијата.

Конференцијата се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а учествуваа  универзитетски професори и асистенти, лекари специјалисти, специјализанти, матични лекари, дипломирани доктори на медицина, како и студенти на општа медицина од клиничките години. Настанот беше организиран од  СОМА (Студентски организирана медицинска асоцијација) во соработка со лекари од САД.

 

Последен пат изменето на Петок, 22 Ноември 2019 08:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…