Амбасадорката на САД во посета на УГД

Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, денеска оствари средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев, а студентите од Економскиот и од Правниот факултет имаа можност да го слушаат нејзиното предавање.

- Остваривме средба со амбасадорката во насока на нејзино подобро запознавање со Универзитетот, каква е неговата структура, какви кадри продуцираме и од кои области на науката и образованието се застапени. Таа искажа многу големо интересирање во поглед на тоа што и како работиме и какви се нашите идни планови за развој - вели Боев.

Ректорот смета дека студентите имаат одлична можност да слушаат предавања од искусни дипломати, но и да се информираат за можностите за студирање во САД и нивен напредок во делот на науката. Универзитетот „Гоце Делчев“ традиционално има одлична соработка со Амбасадата на САД и студентите често се дел од програми на Амбасадата.

Последен пат изменето на Петок, 22 Ноември 2019 14:43
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…