Голем интерес за студентското организирање. Изборите ќе се одржат на 4 декември

Голем број студенти се пријавиле за членови на факултетско студентско собрание. Неодамна заврши Повикот за пријавување, а речиси на сите факултети имаат доволен број студенти за формирање на студентско собрание. Вкупно на сите факултети интерес пројавиле 235 студенти, а листата по факултети изгледа вака:

  • Музичка академија: 13 студенти
  • Ликовна академија: 16 студенти
  • Филмска академија: 8 студенти
  • Факултет за природни и технички науки: 10 студенти
  • Факултет за информатика: 18 студенти
  • Земјоделски факултет: 11 студенти
  • Машински факултет: 16 студенти
  • Електротехнички факултет: 12 студенти
  • Технолошко-технички факултет: 12 студенти
  • Факултет за медицински науки: 31 студент
  • Економски факултет: 13 студенти
  • Правен факултет: 24 студенти
  • Факултет за туризам и бизнис логистика: 29 студенти
  • Факултет за образовни науки: 10 студенти
  • Филолошки факултет: 12 студенти.

Изборите за факултетско студентско собрание ќе се одржат на 4.12.2019 г. од 10 до 15 часот во холовите на сите факултети во сите кампуси на УГД. Списоци со активни студенти ќе бидат доделени кај комисиите за спроведување на изборите и секој активен студент ќе може со својот индекс да изврши гласање. Студентот треба да заокружи 10 од кандидатите.

Конкурсот за пријавување беше отворен до 12.11.2019 година, а сите заинтересирани се пријавуваа кај техничките секретари. Комисија за спроведување на изборите ги разгледува сите пријави и го одредува списокот на кандидати.

Факултетско студентско собрание треба да се избере на секој факултет и тоа брои 10 студенти. Откако ќе се конституира собранието, на конститутивна седница тоа ќе треба да избере претседател на собрание на факултет и да именува по двајца членови во Универзитетско собрание, еден или двајца членови (зависно од статутот) во наставно-научните совети на факултетите и по еден член во Одборот за соработка и доверба со јавноста.

Откако факултетското собрание ќе формира Универзитетско собрание, тоа на конститутивна седница ќе избере претседател на Универзитетското собрание и ќе именува соодветни претставници во телата на Универзитетот.

Целата постапка ќе заврши со формирање на нови раководни студентски тела според новиот Закон и Статут на УГД.

Мандатите на сите студентски функции се во траење од една година.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Ноември 2019 08:41
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…