Посета на Државниот Тракиски Универзитет во Едрене

При крајот на месец јуни 2019 година, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев, заедно со проректорот за развој, инвестиции и одржување, проф. д-р Дејан Мираковски и професорот на Катедрата за турски јазик, проф. д-р Махмут Челик, остварија средба со ректорот на Државниот Тракиски Универзитет и генералниот конзул на Република Северна Македонија во Истанбул, г. Александар Христов во Ректоратот на Тракискиот Универзитет во Едрене.

На средбата се разговараше за спроведените досегашни активности за отворање на Катедра по македонски јазик и книжевност во состав на Катедрата за балкански јазици и книжевност при Филолошкиот факултет на Тракискиот универзитет.


 

Последен пат изменето на Четврток, 02 Јануари 2020 13:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…