Повик за студенти за Мрежа на подмладок на воздухопловство

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, бара студенти кои би биле дел од Мрежата на подмладок на воздухопловство (Young Aviation Network – YAN).

Целта на програмата е да создаде цврста и продуктивна мрежа од млади студенти низ Европа чии професионални аспирации се насочени кон воздухопловството, преку учество во двонеделна развојна програма од 1ви до 15 јули, 2020 година во Брисел.

За таа цел Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип бара студенти кои би се пријавиле и би биле дел од овој предизвик.

Апликанти може да бидат сите студент од машки и женски пол на возраст од 18 до 22 години.

За аплицирање е потребно:

1. Europass CV на Англиски јазик (https://europass.cedefop.europa.eu/documents/curriculum-vitae)

2. Кратко Мотивациско писмо во кое ќе ги наведат аспирациите кон воздухопловството.

Бараните документи да ги достават по е-маил на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 05.02.2020 година.

Трошоците за обуката се покриени од организаторот.

Последен пат изменето на Понеделник, 03 Февруари 2020 13:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…