Престижната награда за франкофонија за проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска

Проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, редовен професор на Факултетот за медицински науки, доби престижна награда за франкофонија од Националната академија за фармација на Франција.

Наградата на Националната академија за фармација на Франција се доделува секоја година на еден професор -  франкофон, врз база на неговата долгогодишна професионална и научноистражувачка дејност и активност во областа на фармацијата.

За 2019 година проф.  д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска беше предложена од страна на Одборот за номинација и избрана од страна на Академијата. Ова престижно признание за првпат го добива претставник од нашата земја.

Наградата ѝ беше врачена од страна на професор Кристијан Гарбеј, претседател на Академијата за 2019 г. На церемонијата на доделувањето од страна на Академијата беше поканета и Н.Е. амбасадорката на Република Северна Македонија, госпоѓа Јадранка Чаушевска-Димов.

Последен пат изменето на Понеделник, 10 Февруари 2020 11:28
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…